АС: Јовиќ е најголемиот проблем за Реал

АС: Јовиќ е најголемиот проблем за Реал

пред 3 години

„АС“, во своето денешно издание ја анализира ситуација во која се наоѓа Реал Мадрид во преодниот рок. Во текстот, се потенцира, дека најголем проблем за Реал е Лука Јовиќ. Српскиот напаѓач, во 2019 година за сума од 60 милиони евра пристигна во Мадрид. Тој веќе е прогласен за една од најлошите инвестиции во клупската историја.

„АС“, пишува дека Јовиќ не е единствениот проблем, но дека е најголемиот со кој се соочува Реал. Во текстот се поставува прашањето дали Реал ќе најде клуб кој ќе го купи Јовиќ.

Реал би прифатиле сума од 40 милиони евра за Јовиќ. о овие пари би била зголемена понудата која би ја испратиле во Париз за Килијан Мбапе.

Според „Трансфермаркт“, Јовиќ на фудбалскиот пазар вреди не повеќе од 20 милиони евра.

За 18 месеци во Мадрид, Јовиќ одигра 32 натпревари, постигна само два гола.

Share
Scroll to Top