Барса го одобри буџетот, Лапорта вели дека ситуацијата е ужасна

Барса го одобри буџетот, Лапорта вели дека ситуацијата е ужасна

пред 3 години

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги оствари очекуваното, откако генералното собрание на клубот го одобри извештајот за финансиската 2019/20 и уште поважно го одобри буџетот за сезоната 2020/21, иако пред состанокот призна дека ситуацијата е полоша од тоа што очекувал.

На собранието 578 члена му дадоа поддршка на Лапорта, а само 71 член гласаа против усвојувањето, со што клубот ќе може да продолжи да функционира нормално, иако предвидената загуба е огромна.

„Ова беше најлошата година досега. Сметавме дека ќе имаме навивачи во јануари, но тоа не се случи“, призна поранешниот потпретседателот на клубот, Жорди Моакс.

58-годишниот Лапорта, кој во март по вторпат стана претседател на клубот, вели дека ситуацијата е катастрофална.

„Клубот е во полоша состојба од тоа што очекував, а верувајте очекував големи проблеми. Има договори кои не ограничуваат и мерки кои мора да се преземат“, изјави Лапорта.

Share
Scroll to Top