Јовиќ и Ребиќ повторно во „црвено-црно“ – сега во Милан!?

Јовиќ и Ребиќ повторно во „црвено-црно“ – сега во Милан!?

пред 3 години

Дел од италијанските медиумите пренесуваат вест дека играчот на Реал Мадрид, Србинот Лука Јовиќ (23) ова лето ќе потпише за тимот на Милан.

„Спорт Медиасет“ пишува дека „Росонерите“ силно сакаат да го ангажираат Французинот Оливие Жиру, но тој го продолжил договорот со Челси за уште една година. Со тоа, поранешниот шампион на Европа се потпре на план Б, а во игра е и позајмица со право на откуп.

Милан и Реал имаат добра соработка, минатата сезона Брахим Диаз ја помина на „Сан Сиро“.

Јовиќ и минатото лето беше на мета на Милан, а тој може да стане првиот српски интернационалец во „црвено-црниот“ дрес. На „Сан Сиро“ е и Хрватот Анте Ребиќ, партнер од нападот на Јовиќ уште од времето кога двајцата беа одличен тандем во Ајнтрахт Франкфурт.

Пролетната полусезона Јовиќ ја играше на позајмица во стариот клуб – Ајнтрахт, па преселбата на „Чизмата“ за него би било освежување во кариерата.

Share
Scroll to Top