(Видео) По поразот од Белгија, Роналдо ја шутираше капитенската лента

(Видео) По поразот од Белгија, Роналдо ја шутираше капитенската лента

пред 3 години

Најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, по поразот од Белгија на Европското првенство, ја фрли капитенската лента и почна да ја шутира. Репрезентацијата на Португалија изгуби во осминафиналето со 1:0 и беше елиминирана од Европското првенство.

Португалија имаше 23 удари на голот на Белгија и постави рекорд на удари без гол на првенството, а Роналдо не успеа да го надмине рекордот на Али Даеи со својот 110. гол за репрезентацијата.

Ова е вторпат да му се случи ваков инцидет, откако на мечот од квалификациите за Светското првенство против Србија го направи истото откако му беше поништен гол во финишот на мечот.

Share
Scroll to Top