На вториот ден од Преспанскиот форум за дијалог, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети
оствари средба со премиерот на Албанија, Еди Рама.
Ахмети му го честиташе на Рама третиот мандат, додека на состанокот се дискутираше за надминувањето на предизвиците што ги очекуваат нашите земји но и регионот, на патот кон европската интеграција.
„Спорот меѓу Република Северна Македонија и Грција, беше преседан во политичката историја и за нејзино решавање беше потребно да се најде иновација што би била пример во политичката историја и меѓународните односи, кое го постигнавме во време кога сите рекоа дека е невозможно, а денес гледаме позитивни резултати од овој договор“, нагласи Ахмети.
Спорот со Бугарија беше исто така дел од разговорот помеѓу Ахмети и Рама, осврнувајќи се на неодамнешните посети на Софија се со цел да се надминат пречките поставени од бугарска страна.
-Во време на големите глобални пресврти, носејќи надеж станавме даватели на решенија и мир низ целиот регион. Лидерите не сакаат и не треба да ја занемараат својата земја, беше оценето, меѓу другото на средбата меѓу Ахмети и Рама.
Исто така, беше констатирано дека сонцето за Aлбанците и сите земји од Западен Балкан изгрева на запад и по членството во НАТО, Албанија и Република Северна Македонија наскоро ќе бидат дел од големото европско семејство бидејќи мирот, стабилноста и добрите односи со соседните земји се на вистинско ниво.
На состанокот беше истакнато дека националистичките и конзервативните политичари во такви ситуации само градат sидови и суштински не менуваат ништо. Современите политичари, наместо sидови, градат мостови за мир и стабилност.