Шпанија по лудата пенал-драма против Швајцарците во полуфиналето на ЕУРО

Шпанија по лудата пенал-драма против Швајцарците во полуфиналето на ЕУРО

пред 3 години

Шпанија е првиот полуфиналист на ЕУРО 2020, откако по 1:1 по 120 минути, на пенали со 3:1 ја елиминираше Швајцарија и обезбеди пресметка со подобриот од вечерниот дуел помеѓу Италија и Белгија.

Откако во осминафиналето, голманот Зомер беше „џокерот“ на Швајцарците во пенал-серијата, овојпат, швајцарските изведувачи потфрлија со дури три промашувања, за да дозволат „фуријата“ да оди за борба за финале. Само Марио Гаврановиќ во првиот обид постигна гол, по што Шер, Аканџи и Варгас беа неефикасни.

Шпанците имаа предност уште од 8. минута, кога ударот на Жорди Алба го пренасочи Денис Закарија за рано водство, по кое „фуријата“ се смири и до крајот на првото полувреме и покрај предноста во посед на топката, немаше многу акција.

Второто полувреме почна со многу поактивна Швајцарија, која во 68. минута конечно израмни откако ја искористија лошата реакција на одбраната на Шпанците, за Џердан Шаќири да израмни. Но, веќе во 77. минута, Фројлер доби црвен картон за да ја искомпликува борбата во продолженијата.

Во двете продолженија, се играше само пред голот на Швајцарија, и Шпанците можат само да жалат што не искористија неколку стоотстотни шанси, посебно таа на Жерард Морено.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Share
Scroll to Top