Владата предводена од премиерот Зоран Заев, пратениците во Собранието и локалната власт заедно со вас граѓаните го правиме најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата, истакна пратеничката на СДСМ Соња Михаилоска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево.
Таа се осврна на сработеното во изминатите години, наведувајќи дека минималната плата е зголемена од 9.000 денари на 15.000 денари, просечната плата е покачена на 28.400 денари, растат платите во сите сектори, социјалната помош е зголемена за 300%, воведена е социјална пензија, обесштетени се 12.000 стечајци.
„ Вложуваме постојано во здравството, се зголемија платите на лекарите и медицинските сестри, ги решивме проблемите на младите приватни специјализанти, да имаат платени дежурства и решено здравствено осигурување, започнувајќи од септември оваа година медицинските сестри и техничарите ќе добијат соодветен надоместок за своето високо образование кое го стекнале по 2015 година“, истакна Михаиловска.
„ Тука сме да го слушнеме вашиот глас и вашите сугестии и забелешки, заедно да креираме политики како одговор на вашите потреби, порача пратеничката на СДСМ Соња Михаилоска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево.