(Фото) Беквалац смеѓа како тинејџерка, пејачката се врати во младоста

(Фото) Беквалац смеѓа како тинејџерка, пејачката се врати во младоста

пред 5 години

Наташа Беквалац објави стара фотографија од пред дваесетина години. Пејачката се потсети на времето кога пеела на детскиот фестивал „Белградска пролет“. Се пофали дека самата си ја одбрала облеката и се шминкала.

„Јас на 17 години, на фестивалот „Белградска пролет“. Самата се шминкав, самата си го одбрав фустанот“, напиша Беквалац.

Многумина и коментираа дека била слатка и неодолива во тинејџерските години. Тие и напишаа дека не е природно русокоса и дека била поубава кога имала природна смеѓа боја на косата.

 

„Колку само си се изменила. Подобра и поубава си била кога си била природна“, биле некои од коментарите.

Share
Scroll to Top