НБА асовите го казнија Попович – на 72 години трчаше спринтови

НБА асовите го казнија Попович – на 72 години трчаше спринтови

пред 3 години

Кога на тренинг играчот ќе погреши, најчесто кога се работи за кошарката казната е трчање, популарно наречена „камиказа“

Сепак, во таборот на селекцијата на САД, каде се во тек подготовките за Олимпијадата во Токио улогите се сменети.

Најверојатно селекторот Грег Попович кој веќе е во 72. година и неговиот помошник Стив Кер нешто погрешиле, па мораа да трчаат спринтови, а можеби се работи и за загубен облог.

Додека тие двајца трчаа, играчите отстрана ги бодреа, а снимката од тренингот на социјалните мрежи ја сподели Кевин Лав.


Инаку, САД се први фаворити за освојување на златото во Токио, а шекулациите се дека ова е последен турнир за Попович како селектор на Американците.

Share
Scroll to Top