Кошаркарската репрезентација на САД го доживеа утринава вториот пораз во склоп на подготовките за настап на ОИ во Токио.
Првин Американците беа непријатно изненадени, пораз со 90-87 од Нигерија, а овојпат подобар од „дрим-тимот“ на Грег Попович беше селекцијата на Австралија, 91-83.
Кај селекцијата на САД недостасуваат тројца кошаркари кои имаат обврски во финалната НБА серија, но секако тоа не може да биде оправдување.
На мечот со Австралијците Лилард постигна 22, а Дурент 17 поени, двоцифрен беше само уште Бил, со 12 поени.
Вкупниот процент на погодени шутеви од игра им беше 46.
Кај Австралија победата ја донесоа Пети Милс со 22 и Џо Инглс со 17 поени.