Жоржињо: Златната топка? Зависи какви ќе бидат критериумите

Жоржињо: Златната топка? Зависи какви ќе бидат критериумите

пред 3 години

Жоржињо, еден од клучните играчи на Челси и Италија, верува дека ќе биде во најтесниот круг на кандидати во изборот за „Златната топка“.

Жоржињо со Челси ја освои Лигата на шампиони, а со Италија победи на европското првенство.

„Сите сонуваме. Ќе бидам искрен, се зависи од критериумите. Ако зборуваме за талентот, знам дека не сум најдобар во светот. Но, ако зборуваме за трофеите, сезонава кој не освоил повеќе трофеи од мене. Не можам да се споредувам со Меси, Нејмар или Кристијано Роналдо, тие имаат поинакви карактеристики. Повторувам, се зависи од критериумот“, рекол Бразилецот си италијански пасош.

Медиумите, по освојувањето на Копа Америка, го фаворизираат Лионел Меси. Покрај него тука се Роберт Левандовски, Нголо Канте, Ромелу Лукаку…

Share
Scroll to Top