Ковид-19 во Карабаг, нема да играат против Виљареал

Ковид-19 во Карабаг, нема да играат против Виљареал

пред 3 години

Натпреварот помеѓу Виљареал и Карабаг, во Лига Европа, нема да биде одигран. Победата, со службен резултат, ќе им припадне на фудбалерите на Виљареал.

Карабаг, објавија дека тимот нема да се појави на теренот во Шпанија. Клубот има проблеми со коронавирусот. Во исто време, ја отфрлиле можноста, во Шпанија, да играат со младинскиот тим.

Овој натпревар нема никакво влијание врз конечниот пласман во И-групата. Виљареал веќе го освоија првото место, додека Карабаг се последни без можност да напредуваат на табелата.

„Мечот кој е закажан за 10.декември е одложен бидејќи Карабаг нема доволен број на играчи, потребен за одигрување на натпреварот. УЕФА ќе донесе решение во наредните денови, откако ќе обави разговори со двата клуба“, наведува во своето соопштение Виљареал.

Share
Scroll to Top