Новите мерки го испразнија Миконос

пред 3 години

Мерките што ги воведе Грција против коронавирусот предизвикаа масовно враќање на туристите од Миконос.

На островот е воведен 5-часовен полициски час, а во рестораните и баровите забранета е музика.

Властите соопштија дека биле принудени да воведат еднонеделен полициски час и забрана за музика по „загрижувачката“ локална епидемија.

Ограничувањата ќе важат до 26 јули.

Миконос е една од најпопуларните дестинации, привлекувајќи повеќе од милион посетители секое лето, меѓу нив холивудски sвезди, модели и светски познати спортисти.

Share
Scroll to Top