Нови правила во ЕУ: Батериите на мобилните телефони ќе мора лесно да се заменуваат

пред 2 години

Европскиот парламент донесе регулатива според која на батериите ќе треба да го пишува времетраењето, а производителите во иднина ќе мора да произведуваат мобилни телефони кај кои лесно ќе може да се замени батеријата.

Регулатива за батерии е името на документот според кој очекуваното траење ќе треба да биде означено на батериите на мобилните телефони.

Регулативата ја донесе Европскиот парламент бидејќи потрошувачите се пожалиле на пократко траење, по ажурирањето на мобилниот телефон.

Потрошена батерија денеска најчесто значи и купување на нов скап уред.

„Ние во Европскиот парламент одлучивме да ставиме крај на оваа практика, па ја изгласавме Регулативата за батерии во Комисијата за заштита на животната средина, јавното здравје и безбедноста на храната“, изјави хрватската пратеничка во ЕП, Билјана Борзан.

Регулативата ги обврзува производителите да прават мобилни телефони во кои батериите лесно ќе се заменат, без разлика дали тоа ќе го прават самите корисници или со помош на сервисер, додаде пратеничката.

Регулативата треба да стапи во сила најдоцна до 2024 година, а дотогаш производителите имаат време да се прилагодат на новите правила, заклучи Борзан.

Share
Scroll to Top