Белграѓанец дивеел со „бе-ем-ве“ во Будва, меѓу прегазените пешаци и двајца охриѓани

пред 3 години

Двајца македонски државјани се повредени во Будва кога 20-годишно момче со автомобил прегазило шестмина пешаци, пренесува весникот „Вијести“.

Повредени се Љ.П. (70) и Н.Ц. (50) двајцата од Охрид, како и четворица српски државјани А.Ц. (19), Н.Л. (18), С.Б. (18) и Н.М. (19).

Полицијата во Будва распиша потерница за Л.Б. (20) од Белград, кој дивеел по градските улици еден час по полноќ и со автомобил покосил шестмина пешаци.

Полициски патроли по инцидентот ги блокирале излезите од градот, откако автомобилот марка „бе-ем-ве“ бил пронајден на патот кон ридот Топлиќ, кога белграѓанецот го оставил бегајќи од полициската потера.

Од „Вијести“ дознале младиот човек околу 1.15 часот предизвикал сообраќајна несреќа на главниот градски булевар, при што повредил шест пешаци кои случајно се нашле на тротоарот додека се враќале од центарот.

Откако ги удрил со автомобилот, белграѓанецот продолжил да вози и не застанал да види што се случило со повредените. Наскоро, полицијата пристигнала на самото место, а патролите ја започнале потрагата која и натаму е во тек.

За настанот биле известени и сите гранични премини.

Share
Scroll to Top