Жињак во луд меч во Токио им донесе прв триумф на „триколорите“

Жињак во луд меч во Токио им донесе прв триумф на „триколорите“

пред 3 години

Фудбалската олимписка машка селекција на Франција успеа да ги собере првите три бода на лудиот фудбалски меч против селекцијата на Јужноафриканската република на ОИ во Токио.

Откако во стартното коло „галските петли“ беа непријатно изненадени од Мексиканците (4-1), благодарение на хет-трикот на Пјер Андре Жињак со 4-3, со гол во 92 минута Франција дојде до триумфот.

Сите 7 гола паднаа во второто полувреме иако Јужноафриканската република имаше шанса од пенал во 41 минута да дојде во водство. Лутер Син беше непрецизен.

Кодисанг сепак Африканците ги доведе во предност, во 53 минута, но Жињак во 57 изедначи на 1-1.

Повторно водство за Јужноафриканската република, 2-1 во 72 минута, стрелец Макгопа.

Повторно израмнува Жињак, во 78 минута.

Три минути подоцна ново водство за африканската селекција, Мокоена за 3-2.

По идентично сценарио, Жињак за 3-3 од пенал во 86 минута.

Кога сите очекуваа нерешен исход на возбудливиот дуел, Савињер во 92 минута ја донесе победата.

Сега Франција дојде до 3 бода на табелата во групата А, исто колку што имаат и Мексико и домаќинот Јапонија, но тие со почеток во 13 часот го играат меѓусебниот дуел.

Во останатите мечеви од другите групи на олимпискиот турнир кои завршија досега, Аргентина со многу мака, со 1-0 славеше против Египет, а Нов Зеланд со 2-3 загуби од селекцијата на Хондурас.

Share
Scroll to Top