СДСМ: Мицкоски по секоја цена брани осудени насилници и организатори за упадот од 27 април

пред 3 години

Нервозната одбрана на ВМРО-ДПМНЕ на лицата кои денеска беа осудени како организатори на упадот од крвавиот четврток само потврдува дека во оваа партија нема никаква промена, дека таму се уште е силно присутна режимско насилничката матрица, реагираат од владејачката СДСМ на денешната прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„27 април, крвавиот настан на кој учествуваше и самиот Христијан Мицкоски е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, кога по налог на Никола Груевски толпа насилници се обидоа да убијат пратеници и новинари и да спречат трансформација на власта. Со денешните пресуди се затвора најсрамното поглавје во историјата на независноста. Колку ли се големи хипотеките на Мицкоски штом мора постојано да брани осудени насилници и криминалци? Колкав е партиско-политичкиот долг на ВМРО-ДПМНЕ штом се во постојано заложништво на политиките на Мицкоски?“, прашуваат во писменото соопштение од СДСМ.

Од оваа партија додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски конечно треба да сфатат дека заврши времето на контролирано судство, да сфатат дека никако нема да успеат да го одбранат криминалот и насилството и дека се додека се на страната на криминалците, ќе бидат поразувани од граѓаните, се додава во писмениот допис од СДСМ.

Share
Scroll to Top