Македонија ќе учествува на Детската Евровизија во Париз

Македонија ќе учествува на Детската Евровизија во Париз

пред 3 години

Македонската радио-телевизија потврди дека Македонија ќе учествува на Детска Евровизија 2021 после едногодишна пауза поради пандемијата. Заега не се објавени никакви информации околу селекцијата и претставникот.

Натпреварот е закажан за 19-ти декември во „La Seine Musicale“, Париз.  Досега, 13 земји го потврдиле своето учество и тоа: Франција, Грузија, Германија, Ирска, Холандија, Полска, Португалија, Србија, Малта, Македонија, Шпанија, Русија и Украина.

Македонија учествува уште од првото издание на Детска Евровизија, а најдобар пласман имаше во 2007-ма со песната „Динг Динг Донг“ на Росица Кулакова и Димитар Стојменовски кога се пласиравме на 5-то место, успехот го повтори и Боби Андонов со песната „Прати ми СМС“ откако се најде на истото место на ранг-листата една година подоцна.

Последен македонски претставник беше Мила Москов во 2019-та година, кога се пласиравме на 6-то место со песната „Fire“.

Share
Scroll to Top