Црн петок за Ѓоковиќ: Се чувствувам ужасно, се надевам на барем некој медал

Црн петок за Ѓоковиќ: Се чувствувам ужасно, се надевам на барем некој медал

пред 3 години

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ беше најголемата надеж на Србија за две нови златни медали, но тие „паднаа“ во вода по двата порази во сингл и во мешани двојки во полуфиналето, по што единствено за што може да се надева е бронзен медал.

Со овој неуспех, Србинот нема да може да го повтори успехот на Штефи Граф од 1988 година, која останува единствената тенисерка на светот која во една година ги освоила четирите гренд слема и олимписко злато во сингл.

Посебно болеше поразот во сингл од Александер Зверев откако тој водеше со 6:1/3:2, па загуби 10 од следните 11 гема.

„Тоа е спортот. Тој беше подобар. Играта ми се распадна, застанав и му дадов шанса да се врати во игра. Не пристигнав свеж во Токио, бев многу изморен, но и многу мотивиран за медал. Во моментов се чувствувам ужасно, но сега ќе мора морам да се опоравам и да донесам барем еден медал за мојата земја“, вели Србинот.

Share
Scroll to Top