Извонредно финале – Новицки најдалеку го фрли кладивото

Извонредно финале – Новицки најдалеку го фрли кладивото

пред 3 години

Злато и бронза освоија Полјаците во фрлање кладиво, на Олимписките игри во Токио. Во едно од најдобрите финалиња, во историјата на оваа дисциплина, среброто му припадна на изненадувањето од Норвашка, Еивинд Хенриксен.

Војчех Новицки, фрлаше извонредно, од почетокот на финалето, на крајот го освои златото со 82,62 метри. Новицки три пати фрли преку 81 метар, два пати преку 82 метри. Во последната серија направи престап, откако беше јасно дека е прв.

Хенриксен, во текот на финалето три пати го уриваше националниот рекорд. Среброто го освои со фрлањето од 81,58 метри.

Бронзата ја освои најдоминантниот во оваа дисциплина во последната деценија, Павел Фајдек. Четирикратниот светски шампион, повторно остана без златен медал. Утеха ќе му биде што во Токио го освои првиот медал на олимпијадите.

Share
Scroll to Top