Пејачката Теа Таировиќ откако колабирала била итно хоспитализирана

Пејачката Теа Таировиќ откако колабирала била итно хоспитализирана

пред 3 години

Пејачката Теа Таировиќ откри дека имала труење од храна. Таа објави дека пред 14 часа колабрирала, но, дека нејзината состојба сега е стабилизирана.

„Не сакав да зборам за мојата состојба, но морам затоа што гледам дека многумина беа загрижени. Вчера добив труење од храна и бев во многу лоша состојба“, рече Таировиќ.

„Изгледа изедов нешто расипано. Агонијата траеше од околу 2 наутро до 4 попладне. Потоа само колабирав. Бев многу слаба. Не пиев ни вода, бидејќи се плашев дека состојбата ќе ми се влоши. Колегите ме однесоа во болница за да ја добијам потребната медицинска помош“, објасни таа.

Share
Scroll to Top