Борусија Дортмунд им забрани влез на невакцинираните навивачи

Борусија Дортмунд им забрани влез на невакцинираните навивачи

пред 3 години

Фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд, реши да направи радикален потег, на стадионот ќе можат да влезат само навивачи кои примиле вакцина пртив Ковид-19. Клубот нема да прифаќа негативни ПЦР тестот.

„Вакцинацијата е клучна за да можеме да се вратиме на нормалниот живот“, оценил, првиот човек на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке.

Тој рекол дека присуството на вакцинираните или на оние кои го прележале коронавирусот, овозможува поголема безбеднист на стадионот.

Ова правило што го воведе клубот нема да важи за децата и младинците, но тие пред да влезат на стадионот ќе мора да се тестираат.

Од клубовите во Бундес лигата слично правило воведе Келн.

Борусија Дортмунд, во првото коло, во сабота ќе го пречека Анјнтрахт.

Клубот соопшти дека на стадионот ќе можат да влезат 25.000 луѓе, 1.000 места биле резервирани за децата и младинците.

Share
Scroll to Top