Нејмар и покрај повредата е повикан во националниот тим

Нејмар и покрај повредата е повикан во националниот тим

пред 8 месеци

Бразилскиот напаѓач Нејмар можеби ќе мора да почека до септември за да дебитира за саудиски Ал Хилал. Тренерот Жорж Жезус потврди дека Бразилецот се уште не се рехабилитирал од повредата. Нејмар минатиот вторник се пресели во Ал Хилал од ПСЖ, тој двегодишен договор со саудискиот клуб, кој според „Лекип“ вреден 160 милиони евра.

„Нејмар е иновативен и креативен играч, ќе ни помогне да напредуваме, но сега има мала повреда и не знам кога ќе се врати. Можеби ќе биде подготвен кон средината на септември“, изјави тренерот Жесус.

Тренерот на Ал Хилал, исто така, рече дека е изненаден што Нејмар се наоѓа на спискот на бразилската репрезентација за квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство следниот месец.

„Не знам зоѓто е повикан во бразилската репрезентација, тој не е подготвен“, изјави Жесус.

Нејмар нема играно за Бразил од Светското првенство минатата година, бидејќи се опоравува од повредата на зглобот добиена во февруари, но е повикан во репрезентацијата за квалификациите против Боливија на 8. септември и Перу четири дена подоцна.

Share
Scroll to Top