Швед се врати во ЦСКА Москва

Швед се врати во ЦСКА Москва

пред 3 години

„Армејците“ подготвуваат тим за нова титула од Евролигата, откако потврдија дека фантастичниот Алексеј Швед се враќа во ЦСКА Москва.

32-годишниот Швед, кој од 2015 година играше во Химки, претходно беше кошаркар на ЦСКА од 2006 до 2012 година. Тој потпиша договор на една година со опција за уште една.

Швед (1.98 метри) двапати го освојуваше трофејот за најдобар стрелец во Евролигата, вклучувајќи ја и минатата сезона во која имаше просек од 19.8 поени и 7.7 асистенции по натпревар.

„Зборувавме со Алексеј неколку пати и тој покажа дека е мотивиран да дојде и да помогне клубот да освојува титули. Тој сфаќа што значи да се биде кошаркар на ЦСКА и има доволно квалитети да помогне на заедничката цел“, изјави тренерот на ЦСКА, Димитрис Итудис.

Share
Scroll to Top