Сетиен: Соблекувалната на Барса беше невозможно да се контролира

Сетиен: Соблекувалната на Барса беше невозможно да се контролира

пред 3 години

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен во интервју за шпанска „Марка“ се присети за периодот поминат на клупата на клубот од Каталонија. На таа позиција стапи во јануари 2020 година, го замени Ернесто Валверде, но отказ доби во август истата година, по поразот од Баерн Минхен со 8-2 во четвртфиналето во ЛШ.

Сетиен истакна дека бил изненаден од односите меѓу фудбалерите во соблекувалната.

„Никогаш не сум видел таква соблекувална, ни во репрезентацијата, ни во Атлетико (М). Бев шокиран. Многу од работите не можеа да се конролираат. Се наоѓате во соблекувална која не е среќна. Она што го затекнав таму не сум го видел во 40 години, колку што се занимавам со фудбал“ вели Сетиен.

Таа сезона Барса ја заврши втора во Ла Лига.

Веднаш по отказот, стратегот најави тужба против клубот сметајќи дека не се испочитувани сите ставки од договорот, но се уште нема разрешница.

Потоа, тој ја напушти тренерската кариера велејќи дека веќе нема волја за тоа.

Share
Scroll to Top