Нас нѐ интересираше во договорот да се опфатат супстанцијалните елементи, за од кираџии да станеме господари во нашата земја, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната конференција на тема „По Охрид“, по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Тој вели дека целосно го прифатил договорот и дека најголема тешкотија и за Албанците и за Македонците би била поделбата на државата.
„Поминавме низ најголемите тешкотии, но она што беше најголемата тешкотија што мислам дека ќе беше трагична и за Албанците и за Македонците, поделбата на оваа држава. Друго е она што се вели по 20 години, но пред 20 години и оваа опција беше на маса. Јас ќе бидам благодарен на НАТО, Вашингтон, Брисел што најдовме силна поддршка против оваа трагична опција со многу големи последици за нашите граѓани. Тоа беше надминато, ќе им бидам благодарен на овие центри за континуираната поддршка што ја дадоа за спроведување на Охридскиот мировен договор“, рече Ахмети.
Тој вели дека успехот е заеднички на сите.
„Овој успех го споделуваме заедно, локалните власти, политичките партии и меѓународните власти кои посветено и никогаш не го оставија настрана интересот и помошта за да се направи овој договор да биде спроведлив и функционален. Нас нѐ интересираше во договорот да се опфатат супстанцијалните елементи, за од кираџии да станеме господари во нашата земја. Јас првично се жалев дека бевме прогонувани, маргинализирани, затворени, тука е Хари. И во еден момент му ги покажав трагите што ми ги оставија тогашните удбаши, а тој ме погледна и рече: “Да не те тепаа, рече, немаше да бидеш маса сега за да разговараме со мене, тука ќе го направиме овој чекор, тука мора да го направиме овој чекор.“ Дури и Хари е во право дека ако не се побараат правата и ако не се бориме за слобода, никогаш нема да го најдеме тоа“, рече Ахмети.
Во еден момент, додаде тој, исто така, со висок политичар во земјата, го потврдив она што го потврдивме како студентско движење, но по 2001 година, откако се случија работите.
„И тој вели, Албанците сакаа права, образование, еднаквост, правда, ние ги убивме. И така се случи затоа што не беа правилно анализирани нештата. Но, какви беа анализите на случувањата? Ние сме силни, ние сме господари на оваа држава, Албанците беа исклучени од секое движење, Албанците беа исклучени од процесите. Не стигнавме до 21 век барем да го направиме чекорот што го направивме во 1903 година во Илинденското востание заедно Албанците и Македонците, Власите за заедничка држава. Имаме големи историски одговорности дури и како политичка партија за надминување и работа со луѓето за надминување на предрасудите. Во оваа земја сѐ уште има предрасуди. Сѐ уште постојат интереси кои се мотивирани од идеологии и земји кои не го сакаат напредокот на нашата земја, туку ги сакаат нивните влијанија“, рече Ахмети.
Според него, нема друга алтернатива освен целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија.