Каролина и Слаткар вечерва ќе пеат на „Струмица опен“: 10 години приказна под отворено небо

Каролина и Слаткар вечерва ќе пеат на „Струмица опен“: 10 години приказна под отворено небо

пред 3 години

Поп-ѕвездата Каролина Гочева и хип-хоп музичарот Слаткар вечерва ќе настапат на десеттото издание на фестивалот „Струмица опен“. Тие ќе пеат на отворено, во градскиот парк во Стримица. Прв ќе настапи Слаткар, кој од 20:30 часот ќе одржи анплагд концерт со својот бенд. По него, од 22 часот Каролина ќе ги испее своите најголеми поп-хитови и песните од нејзините последни албуми „Македонско девојче“.

„Со настапите на Каролина и Слаткат почнуваат музичките доживувања на Струмица опен. Првата вечер од музичката недела е резервирана за Слаткаристика, најавтентичниот хип-хоп артист кој ќе приреди музичка експлозија за вистинско летно освежување. Веднаш по него, на сцената покрај езерото во градскиот парк ќе настапи македонска поп-дива Каролина, која со своите хитови ќе ги разнежни сите присутни“, велат организаторите.

Во рамките на музичката недела на Струмица опен ќе настапат само пејачи и бендови од македонската сцена, а се најавени концертите на Гуру Харе и Игор Џамбазов, џез-гитаристот Владимир Четкар, Суперхикс и други.

Годинашниот фестивал се одржува под мотото „Десет години приказна под отворено“, а организаторите велат дека ќе се почитуваат сите мерки за заштита од Ковид-19. 

Share
Scroll to Top