Скопјанец фатен како краде во салон за автомобили

пред 5 години

Полицијата вчера утрото во 05.00 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје фатила 36-годишен скопјанец како краде во салон за автомобили.

Според информациите, Т.А. бил затекнат при извршување тешка кражба и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.

Share
Scroll to Top