Норвешкиот фудбалер Мартин Одегард (22) втората половина од минатата сезона ја помина на позајмица во лондонски Арсенал, одигра 20 натпревари. Постигна 2 гола во сите натпреварувања, па се врати во Шпанија со надеж дека ќе избори место во неговиот клуб – Реал Мадрид.
Со доаѓањето на Карло Анчелоти на кормилото на Кралскиот клуб му било ставено до знаење на младиот фудбалер дека не му е загарантирано местото во првата постава, а клубот во меѓувреме ја спушти неговата цена од 60 на 45 милиони евра.
„Топчиите“ сега се подготвени играчот да го вратат во Лондон, односно да го откупат неговиот договор.
Според информциите на „ЕСПН“ по продажбата на Џо Вилок во Њукасл, се отворило место во тимот, но и во буџетот на клубот за Одегард.