Откако објави дека се повлекува од Мото ГП шампионатот на крајот на сезоната, деветкратниот шампион Валентино Роси сега има уште една, поубава објава за своите фанови – заедно со својата девојка Франческа Софија Новело објавија дека ќе станат родители.
„По внимателен преглед кај Докторот можеме да потврдиме дека Франчи е бремена. Чекаме девојче“, напиша 42-годишниот Роси на Инстаграм.
View this post on Instagram