ФА го поништи црвениот картон на Бендарек

ФА го поништи црвениот картон на Бендарек

пред 3 години

Саутемптон, во вторникот, доживеа тотално фијаско на „Олд Трафорд“. „Светците“ до 9:0 беа поразени од Манчестер јунајтед. Ова е втор ваков пораз на Саутемптон во само 18 месеци, претходно девет гола промија од Лестер, но на домашен терен.

Еден од трагичарите на Саутемптон, покрај 20-годишниот Александер Јанкевиц, кој доби црвен картон по 80 секунди игра, беше и Јан Бендарек.

Полјакот во првиот дел постигна авто-гол, а во 87.минита направи пенал и доби црвен картон. Во тој период Манчестер јунајтед постигнаа уште три гола.

„Јан не беше виновен, ја прегледав снимката, тој немаше никаква намера да направи прекршок“, рекол менаџерот на Саутемптон, Ралф Хасенхитл.

Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Англија, го поништи црвениот картон на Бендарек. Полјакот ќе може да настапи викендов против Њукасл.

За разлика од Бендарек, дисциплинците од ФА, не ја усвоија жалбата на Давид Луиз. Бразилецот доби црвен картон на натпреварот со Вулверхемптон. Луиз нема да биде во составот на Арсенал против Астон Вила.

Share
Scroll to Top