Најбрзиот човек на светот не го видел синот по враќањето од Токио

Најбрзиот човек на светот не го видел синот по враќањето од Токио

пред 3 години

Италијанскиот спринер Марсел Џејкобс на ОИ во Токио стана најбрзиот човек на светот. Тој освои олимписко злато на 100 метри и на штафетата 4 x 100 метри.

Неговата поранешна девојак Рената Ерика со која го има синот Џереми (7) на Инстаграм го обвинува дека не го видел својот син уште од враќањето од Токио.

„За сите вие кои ме испрашувате дали е Џереми на одмор со татко му Марсел, одговорот е: `Не, се уште чекаме да се јави по враќањето од Токио` – открива Ерика.

Таа објави фотографии како Џереми го слави златото што го освои неговиот татко.

„Горди сме на овој резултат, ти си најдобриот на светот. Овде е некој кој повторно би те прегрнал. Се надевам дека еден ден ќе разбереш“ е пораката.


Инаку, италијанскиот спринтер кој во детството и самиот имал проблеми со татко си (го напуштил додека бил се уште бебе) сега е во врска со Никол Даз, со која има две деца, синот Антониј (2) и ќерката Меган (1).

Share
Scroll to Top