Поранешниот капитен на Рома, Алесандро Флоренци уште утре треба да се појави на медицински тестови со Милан, откако двата клуба се договорија за позајмица со опција за купување, јавуваат италијанските медиуми.
Според „Скај спорт“, договорот е за 1 милион евра за една сезона и опција за купување за 4.5 милиони евра на крајот на сезоната. Флоренци бил толку очаен за трансферот, што дури се согласил да се откаже од една плата која му ја должи Рома.
30-годишниот десен бек минатата сезона ја помина на позајмица во Пари Сен-Жермен, по што шест месеци беше во Валенсија, што беше доволно да биде дел од италијанската репрезентација која го освои ЕУРО 2020.
Il @acmilan chiude per @Florenzi: il difensore sarà in città nelle prossime orehttps://t.co/zAkc217Gfp
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 19, 2021