Мечот од 3. коло во француската Лига 1 меѓу Ница и Марсеј не го дочека својот крај. Прекинат беше во 74 минута при водство од 1-0 за домашните затоа што упаднаа домашните фанови на теренот.
Навивачите на Ница беа испровоцирани од гостинскиот фудбалер Димитри Паје кој возврати кон нив откако беше удрен со полно шише во грбот, но во текот на целиот ме трпеше вербални провокации.
Домашните фанови противничките играчи ги гаѓаа со разни предмети, но сепак пресуден за тепачката беше потегот на Паје кој реши дека нема повеќе да толерира такво однесување.
„Подебелиот крај“ го извлекоа неговите соиграчи Матео Гандузи и Луан Перез кои имаат видливи гребаници на лицето и вратот.
OGC Nice ultras drew blood from Dimitri Payet on his back & other Marseille players have strangle marks on their necks, according to Amazon.
— Get French Football News (@GFFN) August 22, 2021
Dimitri Payet's back. pic.twitter.com/hFmiwg97ni
— Get French Football News (@GFFN) August 22, 2021
Прашање е кога и дали воопшто мечот ќе продолжи, а вака изгледаа немилите сцени вчера во Ница: