Sony неочекувано ја објави Lite верзијата на Xperia 10 III телефонот, која дебитираше во Јапонија.
Купувачите на овој модел добиваат 64GB простор за складирање (наместо 128 колку што има стандардниот Xperia 10 III), со тоа што microSD слотот и натаму е достапен. Смартфонот задржува и 6GB RAM меморија. Xperia 10 III Lite пристигнува како Single SIM модел, но тука е и eSIM поддршката.
Исфрлена е поддршката за FM radio, а задржан е 3.5 мм приклучок за слушалки. Остатокот од карактеристиките е ист како кај стандардниот Sony Xperia 10 III телефон.
Тоа вклучува 6-инчен 1080p+ OLED дисплеј, Snapdragon 690 чипсет, батерија од 4500mAh со поддршка за полнење од 30W, IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина и многу повеќе. Системот на камери се состои од главен сензор од 12MP, 8MP ултра-широк и 8MP телефото, како и селфи камера од 8MP.
Sony Xperia 10 III Lite ќе биде достапен во црна и бела боја, додека Rakuten ексклузивно ќе ги нуди сината и розева опција. Цената на телефонот изнесува околу 425 долари.