Македонскиот модел со интернационална кариера, Андреј Пајмакоски, е заштитно лице на новиот српски бренд „Филозофи“. Тој модната кампања ја сликаше во Белград. Ова е еден од неколкуте ангажмани што Андреј ги има откако почна пандемијата со Ковид-19.
„Пред да почне светската епидемија, Андреј одлично работеше во Барселона за агенцијата Two Management. Неговата кариера и големото портфолио му донесоа многу ангажмани, меѓу кои и последното сликање во Белград. Андреј ги има сите можни предиспозиции за светска кариера“, вели неговиот матичен агент Алек Наумовски од агенцијата Моделс Ин.
За интернационалната кариера на Андреј е задолжена српската модна агенција Демонс Модел Менаџмент која работи со најдобрите светски агенции.
„Андреј е предодреден за голема кариера тоа се препозна уште на самиот почеток. Само да се поклопат коцките и неговиот успех е неизбежен“, додава Алек.