(Видео) Почина ММА борец, му откажале белите дробови за време на рутинска операција на раката

(Видео) Почина ММА борец, му откажале белите дробови за време на рутинска операција на раката

пред 5 години

Триесетгодишниот ММА борец, Кајл Рејес, починал за време на рутинска операција на раката. Додека докторите работеле, на Рејес му откажале белите дробови. Тој има 22 професионални борби во кариерата, а почина во понеделникот на 30 август.

Рејес бил во болница и чекал да му биде опериран бицепсот на левата рака. Операцијата се искомпликувала и неговата состојба се влошила, по што му откажале белите дробови.

„Мојот другар беше во супер состојба. Навистина, сè беше во ред додека не замина на операција. Не знам што се случи“, рече Тревис Џонс, негов близок пријател.

Рејес беше дел од Extreme Cotour салата, која го држи некогашнио славен UFC шампион Ренди Кутур.

Share
Scroll to Top