Бочварски: Експресниот пат од Градско до Прилеп за две години, а можеби и поскоро

пред 3 години

Владата инвестира 64 милиони евра за изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, кој се гради интензивно, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Прилеп.

Тој со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јовановски и со пратеникот Миле Талески, извршија увид во градежните активности на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, на потегот Дреново – Фаришка клисура.

Експресниот пат Градско-Прилеп се гради во 2 фази.

Првата фаза ја опфаќа делницата од Градско до Дреново, во должина од 15,5 км. Втората фаза е од Дреново до Фаришка клисура, во должина од 10 километри, која ќе биде со ширина од 12,4 метри во првите 5 км и 17 метри во останатите 5 километри од делницата. Крајниот рок за завршување е јули 2023 година.

„Вредноста за изградба на втората фаза е 33,3 милиони евра. Претходно беа реализирани 35 проценти, а сега новиот изведувач компнијата Синохидро има обврска да го доизгради преостанатиот дел. Крајниот рок е месец јули 2023 година, но моите очекувања се дека тоа може да се случи и порано пред рокот. Особено ми е драго што и на првата фаза изведувачот
работи со максимално темпо“, изјави Бочварски.

Share
Scroll to Top