Гинисовата книга го потврди рекордот на Роналдо

Гинисовата книга го потврди рекордот на Роналдо

пред 3 години

Кристијано Роналдо, во средата, постави светски рекорд, според бројот на постигнати голови за националниот тим. Рекордот на Португалецот го потврди и Гинис.

Роналдо, постигна два гола, во победата над Република Ирска. За националниот тим Роналдо има постигнато 111 голови. Вкупно настапил на 180 натпревари за португалската репрезентација.

Претходниот рекорд беше во сопственост на Иранецот, Али Даеи (109 голови).

„Сакам да испратам благодарност до Гинисовата книга на рекорди. Секогаше добро кога луѓето те препознаваат како светски рекордер. Ќе се обидам да ги зголемам бројките“, напишал Роналдо на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Share
Scroll to Top