Тијафо го удираше судијата, не беше казнет

Тијафо го удираше судијата, не беше казнет

пред 3 години

Френсис Тијафо, мина без казна за скандалот што го предизвика во дуелот Феликс Оже-Алијасим, во осмина-финалето на Ју-ес опен.

Американецот, имаше голема поддршка од домашната публика, но и покрај тоа загуби со 3:1 (4:6, 6:2, 7:6, 6:4) од Канаѓанецот.

Тијафо во текот на целиот меч беше нервозен и тоа го покажуваше на теренот. Во третиот сет, во текот на еден поен, на Алијасим му падна топчето од џебот, судијата го прекина поенот, по што следуваше бурна реакција од Тијафо.

Американецот неколку пати го удри по ногата главниот судија, кој не се реши да го санкционира ваквото однесување на Тијафо. Во тие моменти публиката паѓаше од смеење.

За потсетување, за помал инцидент Новак Ѓоковиќ, минатата година беше дисквалификуван од Ју-ес опен.

Share
Scroll to Top