Почина поранешен фудбалер на ПСЖ, кој 39 години беше во кома поради грешка на лекар

Почина поранешен фудбалер на ПСЖ, кој 39 години беше во кома поради грешка на лекар

пред 3 години

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Жан Пјер Адамс, почина по 39 години во кома. Тој во 1982 година имал рутинска операција на коленото во Лион, но поради погрешна примена доза на анестетик, тој доживеал бронхоспазам, што го спречило протокот на кислорот во неговиот мозок.

За целиот овој период додека бил во кома за него се грижела неговата сопруга Бернадет, која никогаш не се откажала од него. Од клубот ПСЖ објавија дека вчера тој бил исклучен од апаратите и дека починал.

Адамс  бил роден во Сенегал во 1948 година и пристигнал во Франција кога имал десет години. Неговата желба да стане фудбалер му се исполнила во седумдесеттите години, кога и ја започнал професионалната кариера во Ним.

Со одличната игра, тој си обезбеди место и во тимовите на Ница и ПСЖ.

 

Share
Scroll to Top