Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, сака да стане бесмртен

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, сака да стане бесмртен

пред 3 години

Најбогатиот човек на светот, американскиот милијардер Џеф Безос, финансира старап биотехнолошка компанија со име „Алтон лабс“, која работи на истражување на клетките и бара начини како да се продолжи животниот век на човекот.

Безос поседува имот чија вредност се проценува на 201,3 милијарди долари, а во овој бизнис влегол заедно со неговиот колега, милијардерот Јуриј Милнер, пренесува „Дејли Мејл“.

Компанијата „Алтос лабс“, претходно оваа година потврди дека има собрано 270 милиони долари за истражување на потенцијалните репрограмирање на клетките и технологија која би помогнала во подмладување на животните, што евентуално би можела да се примени и кај луѓето.

Иако засега малку се знае за оваа компанија, вработените укажуваат на неколкуте типови на техника против стареењето кое лабораторијата го проучува. Интересно е дека меѓу нив се наоѓа и  Шинја Јаманака, пионир во ова истражување и добитник на Нобелова награда во 2012 година.

Доктор Јаманака за време на своето истражување утврдил дека со додавање на само четири специфични протеини во клетката, би можело да се предизвика нејзино враќање во претходна состојба со својства на ембрионални матични клетки, кои ги создаваат градежните блокови на новиот живот.

Ова научно подрачје уште од претходно ги привлече двајцата милијардери. Претходно, пари во биотехнолошката фирма, вложи Лари Пејч, коосновачот на „Гугл“  Питер Тијел, коосновачот на „Пејпл“. Пред три години во оваа област вложи и Илон Маск, купувајќи ја фирмата „Неуролинк“.

Се проценува дека глобалниот пазар во индустријата на биотехнологијата, која го истражува прекинот на процесот на стареење до 2024 година, го надминува износот од 270 милијарди долари.

Во „Алтос лабс“, ангажиран е и доктор Хуан Карлос Изписуа Белмонт, шпански биолог кој работи во институтот „Салк“ во Калифорнија, а кој е пионир во таканаречената замена на клетки. Тој во 2016 година, успешно демонстрирал ембрионална техника на матични клетки и ја применил на глувци, кои покажале знаци на промена на староста.

Ова репрограмирање на клетките е потенцијален еликси на животот“, рече тогаш научникот, кој работел и на мешање на мајмунски и човечки клетки ембриони. Во тимот се наоѓала и американската научничка доткр Џенифер Дудна, која оваа година добила Нобелова награда за хемија. Таа учествувала во истражување на методот на генетска модификација, што би можело да доведе до равзој на иновативни терапии во лечење на најтешките болести. Безос претходно вложи пари и во компанијата „Јунити бајотехнолоџи“, чија цел е да го продолжи периодот во кој едно лице е поштедено од болеста која настапува поради стареењето.

Курир.рс

 

 

 

Share
Scroll to Top