Малолетник од скопски Аеродром е уапсен под сомнение дека извршил три кривични дела-кражба.
Според полицијата, на 06.09.2021 во 16.30 часот на подрачје на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода малолетник поради постоење основано сомнение дека сторил три кривични дела „кражба“ казниви по член 235 од Кривичен законик.
Со малолетникот е извршен разговор во присуство на родител, а пронајдените предмети се одземени.
За настанот, велат надлежните е известен и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.