Фудбалерите на Манчестер Јунајтед првиот меч ќе го играат викендов против Њукасл, но, ова нема да биде како и секој друг натпревар, заота што на „Олд Трафорд“ се враќа нивниот миленик, Крисијано Роналдо.
Португалецот во текот на репрезентативната пауза одигра само еден натпревар против Ирска, во кој даде голови во 89 и 90 минута и на репрезентацијата и донесе победа со која го задржа првото место во групата.
Роналдо призна дека е прилично нервозен затоа што по 12 години, тој повторно ќе игра во дресот на Јунајтед, плус поради нивните навивачи.
„Од моментот кога слетав во Манчестер почувствував добра енергија, тоа се луѓе кои ме гледаа како растев и напредував. Дојдов на 18 годишна возраст, полн со страст за фудбалот и докажување. Кога дебитирав во дресот на клубот во 2003 година, бев нервозен затоа што не очекував да бидам стартер, дури ни да влезам од клупата. Ќе бидам нервозен и во сабота против Њукасл, но, сега сум многу позрел, поискусен и подготвен за сите предизвици“, рече Роналдо за клубската телевизија.
Мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл ќе се одигра во сабота на 11 септември, со почеток во 16 часот.




