Николиќ успешно опериран во Истанбул

Николиќ успешно опериран во Истанбул

пред 3 години

Данило Николиќ, кошаркарот на Будуќност, успешно бил опериран во Истанбул. Крилниот играч пред пет дена колабираше на тренингот.

„Нашиот Данило Николиќ е успешно опериран. Во организација на клубот и семејството, кошаркарот беше примен во клиниката Ацибадем. Операцијата ја изврши докторот Зија Акар, најдобриот хирург на оваа институција. Операцијата мина во најдобра ред. Очекуваме брза рехабилитација, веруваме дека наскоро Данило повторно ќе му се приклучи на тимот“, соопшти КК Будуќност.

Данило Николиќ има 28 години, во кариерата покрај во Будуќност, играл за Ловќен, Мега и Билбао.

Share
Scroll to Top