Како популарниот џез музичар, Луј Армстронг, без негово знаење, бил искористен како тројански коњ на ЦИА во Конго

Како популарниот џез музичар, Луј Армстронг, без негово знаење, бил искористен како тројански коњ на ЦИА во Конго

пред 3 години

Популарниот џез музичар, Луј Армстронг, бил дел од воените маневри на Америка во Африка. Како што пренесуваат некои од медиумите, тој, без негово знаење, бил искористен од страна на ЦИА, како тројански коњ во Конго.

Тоа било вечер за паметење: Луј Армстронг со сопругата и дипломат од американската амбасада, заминале на вечера во популарен ресторан во тогашниот Леополдвил, главниот град на независен Конго. Трубачот, пејачот и музичарот познат како Сачмо, бил на повеќемесечна турнеја ноз Африка, која ја организирал и спонзорирал Стејт департментот, а во обид да го подобри имиџот на САД во земјите кои неодамна се ослободиле од своите колонизатори.

Она што Сачмо не го знаел е дека неговиот во таа ноќ во ноември 1960 година, неговиот домаќин не било политичко аташе, како што му се претсавиле, туку тоа бил самиот шеф на ЦИА во Конго.

Луј не бил свесен дека неговата слава им овозможила на шпиуните да ги извлечат клучните информации кои подоцна биле искористени за некои од најконтроверзните операции во целата Студена војна.

„Армстронг во суштина бил тројанскиот коњ на ЦИА. Тоа е навистина тажно. Тој беше доведен таму да послужи за нешто што беше целосно спротивно на неговото чувство за правда. Ќе беше ужаснат доколку знаеше за тоа“, рече Сузан Вилијамс, истражувач за Лондонскиот универзитет и авторка на книгата „Бела злоба“, White Malice, за активностите на ЦИА во централна и западна Африка во 1950-те и шеесетите години од минатиот век.

Вилијамс во архивите на Обединетите нации нашла документи кои силно укажувале на тоа дека домаќините на Армостронг, шефот на станицата на ЦИА, Лари Девлин и другите известувачи стационирани во Конго, ја искористиле посетата на музичарот за да пристапат стратешки на важната и богата провинција Катанга, која неодамна се одвоила. САД, иако биле наклонети кои лидерите на провинцијата, официјално не го признале самопрогласувањето на владата.

ЦИА доста била заинтересирана за Катанга, од високите официјални лица, кои не можеле на поинаков начин да дојдат до нив и до рударските активности и богатите наоѓалишта на ураниум кои таму постоеле.

Турнејата на Армстронг по Катанга била совршена прилика, па Девлин и другите долетале до главниот град со музичарот и неговиот познат бенд. „Им било потребно поктирие и тој им го даде“, рече Вилијамс.

Имаше тука уште нешто што Армостронг, кој три години претходно имал слична турнеја по Советскиот Сојуз, во знак на протест против  распространетиот расизам во САД, не го знаел. ЦИА во Конго на чело со Девлин се обидувала да го убие првиот демократски избран премиер на Конго, 35 годишниот Патрис Лумубу, од страв дека земјата ќе се приближи премногу на Советите.

Историчарите денес веруваат дека националистичкиот лидер сакал неговата земја да остане неутрала во Студената војна.

Една милја од местото каде Армстронг и Девлин вечерале, харизматичниот Лумумбу бил затворен во неговата резиденција и го чивале војници лојални на Жозеф Дезиреу Мобуту, млад началник на генералштабот кој блискосоработувал со ЦИА и кој неколку недели претходно извел државен удар и дошол на власт.

Два месеци по турнејата на Армстронг, Лумубу во Каанга го убиле официјалните сецесионистички провинцијалци и полицајци од Белгија. Мобути подоцна стана претседател на Конга и лојален соработник на САД.

Девлин подоцна тврдел дека ЦИА била одговорна за тоа. Пред истражната комисија на американскиот Конгрес тој изјавил дека пучот на Мобутуов го организирала, поддржала и водела ЦИА. Убиството на Лумумбе е една од најозлогласените епизоди на Студената војна и предизвика бес во целиот свет.

Иако ја прифати одговорноста за пуч, ЦИА секогаш демантирала дека била вмешана. Девлин во 1975 година во државната истрага во САД рече дека агенцијата во претходните месеци се обидела да го убие Лумумбу, но, дека операцијата ја прекинале одамна пред да биде убиен.

Вилијамс пак открила докази кои фрлаат сенка и сомнеж на веродостојноста на сведочењето на Девилин. Неодамна објавените документи на САД покажуваат дека шефот на канцеларијата на ЦИА, испратил агент WI/ROGUE во Тајсвил, град каде Лумумба бил затечен во неделите пред убиството, одамна пред ЦИА наводно да се откаже од убивањето на популарниот политичар.

„Не знаеме што WI/ROGUE работел во Тајсвил, но, тоа ја поткопа веродостојноста на сведочењето на Девлин“, рече Вилијамс.

ЦИА почнала да развива мрежа на агенти, помошници, соработници и клиенти во Африка, набрзо по своето формирање во 1947 година, користејќи го искуството од Втората светска војна. До 1960 година, таа имала широко разгранета мрежа на трговци, синдикални лидери, бизнисмени, културни и образовни институции, па дури и авиокомпании.

Агенцијата своите прсти ги вмешала и во некои од најзначајните настани во постколонијалната историја на Црниот континент.

Во 1962 година, трагата која ЦИА шпионот ја давал на официјалниот расистички, репресивен, апартхејд режим, во Јужна Африка, довело до апсење на Нелсон Мандела и негово 27 години долго затворање. ЦИА е обвинета и за воениот пуч во 1966 година, кога од власт бил симнат првиот претседател на Гана, Кваме Нкрума.

„Трагедијата во тоа е што Нкрума и Лумумба и другите африкански лидери, не им се противеле на САД. Тие сакале пријателски односи со Америка, но, истовремено не се противеле ни на Советите, кои Вашингтон ги доживуваше како непријатели. Ставот на владата беше: „Или си со нас, или си против нас“, рече Вилијамс.

Армстронг, кој тогаш имал 59 години, кога отпаувал во Конго, бил толку инспириран од посетата, па компонирал мјузикл, „Вистинските амбасадори“ кои го извел и снимил како албум, а во кој изразил некои од своите длабоки спротивставени чувства кон акциите на американската влада во Африка.

„Иако ја претставувам владата, владата не претставува некои од политиките кои јас ги поддржувам“, рече тој во своето дело.

Share
Scroll to Top