Волф: Мораме да реагираме пред некој да настрада

Волф: Мораме да реагираме пред некој да настрада

пред 3 години

Првиот човек на Ф1 тимот на Мерцедес, Тото Волф, уште еднаш го коментирал инцидентот помеѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, на трката за Големата награда на Италија.

Во 26.круг, Ферстапен со својот болид заврши над болидот на Хамилтон. ФИА процени дека Ферстапен бил виновен за инцидентот и му додели казна од три места назад, во однос на пласманот што ќе го обезбеди во квалификации за трката во Сочи.

„Време е во иднина да ги спречиме овие ќе ги наречам „тактички прекршоци“, кои го спречуваат ривалот да дојде до победата. Како и на кој начин? Не знам, но мора да направиме нешто“, рекол Волф.

Инцидентот на патеката во Монца е втор помеѓу ферстапен и Хамилтон од почетокот на сезоната. Во Силверстон, по дуелот со Хамилтон, Ферстапен заврши надвор од патеката.

„се плашам дека ова полека ни бега од контрола. Двајцата избегнаа потешки повреди. Не смееме да дозволиме да реагираме кога веќе ќе биде доцна и кога некој навистина ќе биде повреден“.

Наредната трка во Ф1 првенството се вози на 26.септември во Сочи, Русија.

Share
Scroll to Top