Ентони Смит синоќа во главната борба на „UFC Fight Night 192“ уште во првата рунда со гушење го порази Рајан Спан во борба во полутешка категорија.
Смит, кој дојде до третиот триумф по ред, со неколку удари го здрма противникот, па го фати Спан за врат и му немаше помош – мораше да ја предаде борбата.
???? Anthony Smith?? soumet Ryan Spann?? au 1er round !!!
Anthony Smith?? est-il de retour ? 3 victoires consécutives maintenant !#RMCMMA #RMCUFC #UFCVegas37 pic.twitter.com/giTW3rT7ql
— MMA Empire ???? (@MMAempireFR) September 19, 2021
Најспектакуларниот нокаут на вечерта беше дело на Жоакин Бекли кој со огромен хематом на челото го нокаутираше Ентони Ароја. Бекли во текот на целата борба се бореше со повредата на главата, а на средината на последната рунда со силен аперкат го сруши противникот, па го „доврши“ на партерот.