Атлетико Мадрид падна на „Сан Мамес“ во Билбао

Атлетико Мадрид падна на „Сан Мамес“ во Билбао

пред 2 години

Атлетик Билбао го победи Атлетико Мадрид со 2:0 во последниот натпревар од саботната програма во Ла Лига.

Дуелот на „Сан Мамес“, го обележа Инаки Вилијамс. По неговиот удар во осмата минута топката од блокот на Ермосо и заврши во голот, а во 56.минута од пенал го совлада Облак.

Атлетик одигра одлични 30 минути, кога можеа да постигнат уште некој гол. Атлетико се закани во финшот на првиот дел, топката по ударот на Караско од гол линијата ја исфрли Дани Гарсија.

Во 56.минута Гризман од слободен удар ја погоди гредата. Последната шанса екипата од Мадрид ја имаше во 91.минута кога обидот на Кореа заврши во дирекот.

Атлетико на четири кола до крајот има 61 бод, четири повеќе од Бетис, кој има натпревар помалку. Билбао се осми со бод помалку од Виљареал кој се наоѓа на седмото место кое обезбедува пласман во Лигата на конференции.

Share
Scroll to Top