(Видео) Марија Шерифовиќ е пеачиште, а Цеца е само популарна пејачка: Босанац се скара со жирито во „Гранд“

(Видео) Марија Шерифовиќ е пеачиште, а Цеца е само популарна пејачка: Босанац се скара со жирито во „Гранд“

пред 3 години

Композиторот Драган Стојковиќ Босанац уште на почетокот на новата сезона се скара со Цеца Ражнатовиќ, која од оваа година е во жирито на „Гранд“. Тој ја навреди фолк-ѕвездата и за неа рече дека не е пеачиште, туку само популарна пејачка.

Кавгата настана, откако една од натпреварувачките испеа песна од Цеца, а Босанац не беше воодушевен од нејзиниот настап.

„Ако сме во иста професија, не сме сите исти. Марија Шерифовиќ е пеачиште, а Цеца е само популарна пејачка, ама и тоа е дискутабилно“, рече Босанац.

Втората емисија од новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ ќе се прикажува во сабота, а фановите коментираат дека и без Карлеуша, шоуто ќе биде забавно.